И велев да копа, немаше спас – земја му ја затрупала жената додека пиеле кафе


maz lizganje zemja

Гери Мекферсон (78), ја изгубил својата сопруга Линда (69) со која бил во брак 40 години, во лавина од кал длабока километар и пол. Тој успеал да се спаси копајќи низ земјата која го прекрила.

Властите на американската сојузна држава Вашингтон нашле засега 25 тела од луѓе кои настрадале во оваа природна катастрофа, која минатиот викенд го зафати округот Снохомиш.

Мекферсон и сопругата се одморале на столчињата на лулање во саботата наутро, кога одеднаш почнала да тече огромна маса кал на нив.

lindaКога лавината од кал и дожд започнала да влече се’ пред себе, Макферсон вели дека прво помислил на сопругата.

,, и’ велев да копа, само да копа низ земјата, но не ме слушна,, тој и самиот бил закопан, но успеал да зграпчи парче дрво од искршениот стол и да турка лево-десно, додека не здогледал светлина.

,,Бев сосема потрупан, но едната рака ми беше слободна и во неа имав стап со кој копав и копав додека не видов светлина. А потоа почнав да мавтам со сета сила“ – тврди Макферсон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1