Еве со какви шифрирани пораки се разбирале дилерите на босот Шариќ


“Ку***та се јави. И малиот откачи. Кажа дека со големиот автомобил го шлепала малиот и малиот заминал негде, но не видела каде… Големиот не може да дојде бидејќи ќе ги разбуди комшиите”

saricОбвинителството за организиран криминал во вчерашното продолжение на судењето на познатиот наркобос Дарко Шариќ и припадниците во неговата криминална група ги прикажа шифрираните СМС-пораки кои тие си ги праќале меѓусебе кои се однесуваат на шверцувањето на кокаинот во Уругвај на 15 октомври 2009 година во текот на акцијата Балкански ратник”, пишува српски Курир”. Обвинетите пробале да го оспорат овој исказ на сведокот Душко Вуковиќ, кој порано ги смислувал и ги тумачел тие пораки.

Тие проблемот кој го имале со пренесувањето на дрогата на јахтата Анастазија Мартинчиќ”, која претходната ноќ останала без помошниот чамец поради големата бура, во смс-пораката ја опишале вака: Малата девојка дојде многу доцна со голема кола, доцнеше четири часа. Ми ги разбуди сите комшии. Малата е идиот, но ми се допаѓа. Ќе пробам да ја смирам”. Оваа порака, според зборовите на обвинителот, ја пратил Никола Павловиќ, кој порано го формирал договорот со обвинителството за признавање на вината.

Следната порака, како што пренесува српски “Курир” гласела: Ку**ата се јави. И малиот откачи. Кажа дека со големиот автомобил го шлепала малиот и малиот заминал негде, но не видела каде… Големиот не може да дојде бидејќи ќе ги разбуди комшиите”.

darko-saric-pre-i-posle-foto-kurir-1395135727-464161Исто така, дека имале проблем со префрлањето на дрогата говорела и пораката: Јоргос вели (според обвинителството, тоа е обвинетиот Милош Цајиќ) ако нема друг начин, нека дојде големиот, но тоа ги зголемува шансите да го види комшилукот”.

Адвокатот укажал дека тие пораки кои биле пратени на 14 октомври 2009 година покажуваат дека Жељко Вујановиќ, кај кого во мобилниот телефон била најдена пораката: Да пробаме пак ако се сложи Зоки”, имал овластување да дава упатства, а не само како што било кажано на претходното судење, да ги пренесува пораките. Тој истакнал оти сите тие пораки покажуваат дека пропаднал првиот обид да се префрли дрогата со јахта, бидејќи Мартинчиќ” дошла блиску до прекуокеанскиот брод. Требало да се приближи со малиот чамец, кој невремето и го голтнало” претходната ноќ.

Како што пренесе весникот, обвинетите Милош Цајиќ, Жељко Вујановиќ и Бобан Стоиљковиќ ги оспориле овие пораки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1