И во Брисел пропаѓа земјата – се отвори дупка длабока четири метри


briselВо инцидентот, кој се случи утрово, нема повредени луѓе и оштетени автомобили, иако сообрќајот бил густ. Засега не е позната причината за пропаѓање на асфалтот, но се претпоставува дека тоа се случило како резултат на одрон во канализацијата која минува под булеварот.

Експерти ќе се обидат да го обноват патот за 15 дена, но постои опасност од пропаѓање и на други делови од булеварот.

Доколку се потврдат стравувањата, тоа може да се одрази на свеченостите кои се предвидени да се одржат на овој булевар на 21 јули по повод националниот празник на Белгија. 

 Denesen
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1