Абу Бакр ал Багдади, самопрогласениот водач на радикалната исламистичка организација Исламска Држава(ИД), се најде на листата на „Форбс“
Ирачанецот Абу Бакр ал Багдади, кој неодамна себе си се прогласи за калиф на сите муслимани, а од 2010 година е водач на џихадистичката група ИД која контролира големи дел од Ирак и Сирија, е на 54-тото место на листата на американскиот магазин „Форбс“. САД по него имаат распишано потерница со награда од десет милиони долари за тој што ќе го фати.
Американското списание, годинава, втор пат по ред на врв на листата го стави рускиот претседател Владимир Путин, а по него следуваат неговиот американски колега Барак Обама, кинескиот претседател Кси Џинпинг, Папата Франциско и германската канцеларка Ангела Меркел.