И за пред нотар ќе мора да имате адвокат – нотарите реагираат


Задолжително присуство на адвокат во постапка пред нотар го деградира нотаријатот како независна и јавна служба, е дел од реакцијата на нотарската комора испратена  до премиерот Никола Груевски  како одговор на најавите за измена на Законот за нотаријат.

Се предвидува во нотарските канцеларии секоја странка да ангажира адвокат при потпишување нотарски договор со вредност над 10 000 евра. Долку едно семејство треба да дели имот и има повеќе членови се предвидува секој член да има свој адвокат. Адвокатот ќе има свој посебен печат кој ќе го користи за овие договори кои без амин од него нема да можат да се користат во правниот систем.dolg izvrsitel dokument

Со воведувањето на задолжително присуство на адвокат би се зголемиле трошоците во постапката пред нотар, но за да не се отежнува еконоската состојба на граѓаните овие трошоци ќе се одземат од нотарската награда. Комората ја подржува владата за зголемување на правната сигурност на граѓаните , но и ја опоменува дека не смее да ја помине границата на јавните овластувања на нотарите со што би се обзевреднила дејноста и независноста. Влегувањето на адвокат во нивните канцеларии би било директно мешање во независноста и самостојноста и објективноста на нотарот.

Од Комората велат дека вакво законско решение не е предвидено во ниедна земја во Европа. Од Коморите на Австрија, Германија, Белгија , Холандија македонските нотари добиле одговор дека не само што нотарската дејсност е самостојна туку веќе и се даваат и поголеми надлежности.

Овие обврски не важат за банките, лизинг компаниите , осигурителните друштва.

Предлог законот за нотаријат беше изготвен лани во ноември и помина владина процедура. Сега од владата има предлози за измени и дополнувања кои треба да ги подготви министерството за правда за кои доплнително ќе се дебатира и одлучува.

Telma.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1