Не се сите бродови за туристичко крстосување исти-имаат различни услови и за гостите и за безбедноста на екипажот,објаснуваат посредничките агенции.Најголемата опасност како и при секоја работа во странство е да се замине на своја рака без доволно да се провери компанијата.За да се избегнат трагедии како со девојката од Прилеп,агенциите препорачуваат да се користат сигурни посредници кои вработуваат на луксузните пловечки хотели,кои преземаат максимални мерки за безбедност,за разлика од бродот на кој се случила несреќата, кој немал ниту камери на палубата, пишува Алфа.
,,Некои од младите сакаат сами да наоѓаат работа преку интернет,да експериментираат,дека можат сами да постигнат нешто..тогаш може да се направи и грешка. Јас гарантирам дека кај компаниите кои ние сме лиценцирани да ги застапуваме не може да дојде до никаков пропуст во поглед на безбедноста на вработените,,-дециден е Зоран Кочовски од Агенција за посредување ,,Коузон,,.









