ИД: Кога ќе посакаме ќе докажеме дека го соборивме рускиот авион


Џихадистичката група Исламска држава, која ја презеде одговорноста за несреќата на рускиот авион во саботата во Египет, денеска соопшти дека не е должна да покажува докази за тоа и дека фактите ќе ги демонстрира кога таа ќе посака, информираат француските медиуми.

– Не сме должни да објаснуваме како авионот се урна, изјави член на Исламска држава во аудио порака, објавена на акаунтот на групата на Твитер.isis teroristi

Египетската ќелија на Исламска држава – групата „Провинција Синај“, во саботата на Твитер објави дека го предизвикала падот на авионот „Ербас А321-200“ на руската чартер компанија „Метроџет“. Авионот се урна во пустината Синај, бастионот на Исламска држава, откако се распаднал во воздухот по само 23 минути од полетувањето од египетското летувалиште на Црвено Море, Шарм ел Шејк.

Во несреќата загинаа сите 224 патници и членови на екипажот.

Истрагата се обидува да утврди дали несреќата е несрќен случај или се должи на експлозија на некаква експлозивна направа во авионот.

– Однесете ги останките и претресете ги, однесете ги црните кутии и анализирајте ги, и соопштете ни ги резултатите од вашата истрага, додаде неименуван член на Исламска држава. „Докажете дека ние не сме го натерале да се урне и како тој навистина паднал, а ние ќе ви ги соопштиме деталите за начинот на кој падна, во момент што ние ќе го избереме“, додаде тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1