Терористичката организација Исламска држава (ИД) упати нова закана кон земјите од Балканот, најавувајќи крвопролевање и одмазада против словенското население и Албанците на Балканот, што ќе се случело набрзо.
Ваквата закана до „неверниците во Албанја, Косово, Босна, Македонија, Санџак“ е упатена преку балканското издание на списанието на ИД „Румијах Магазин“.
„Не сме го заборавиле и нема да го заборавиме Балканот. Едноставно бевме малку зафатени, сега се враќаме повторно. Ние не ги заборавивме српските неверници. Не го заборавивме убивањето на муслиманите во Босна и Косово, ниту уништувањето на џамиите и куќите. Неверниците на Балканот, каде и да се тие, во Босна, Санџак, Албанија, Косово, Македонија, каде и да се кријат, ние ќе ги најдеме со дозвола на Бога“, пишува „Румијах Магазин“.