Келе од Криволак- човекот што зборува со змиите има застрашувачко предупредување!


Четириесет и четиригодишниот шепотач на змии Келе Змијата, односно  Скендер Јусуфов од неготинското село Криволак веќе неколку недели не можел глава да крене од загрижени луѓе, на кои што им влегле змии во дворовите, викендиците, куќите, па дури и автомобилите, и постојано го барале да им помогне и да ги фати непожелните гости, пишува фокус.мк.

Вели дека за разлика од лани, оваа година добивал три пати повеќе повици, и во рок од околу три седмици успеал да фати десетици змии и смокови.

Ги предупредувам сите кои што имаат викендици во кои што не влегле цела зима, да бидат многу внимателни.

Тој ги лови змиите со помош на шепотење и зборење, кое што го нарекува Басма, и го научил пред дваесетипет години, кога чувал овци во околината на Криволак. Стариот овчар Коста му ја пренел техниката на лов, која што ја изучувал цела година, пред да се осмели да ја фати првата змија.

Затоа, ги предупредувам сите љубители на природата, планинари, велосипедисти, па и жители на урбани средини, да бидат внимателни.

Добро да проверат каде стапнуваат, ако наоколу има треви и грмушки.

Да не оставаат торби и ранци на земја, оти змиите можат да им се вовлечат внатре, па ќе си ги донесат дома.

Да не паничат ако им излезе змија пред шофершајбната за време на возење, да реагираат смирено.

Знам дека стравот и паниката се големи при средбите со влекачите, но и змиите се плашат од луѓето” – порачува Келе.

Сите кои што имаат потреба од негова помош, може да го побараат на 075 693 642.

fokus.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1