ИД најави дека ќе ја порази Русија


Исламска држава денеска наведе дека ќе ја порази Русија, откако Москва на крајот на минатиот месец почна со воздушни напади врз цели на џихадистичката група во Сирија.isis dezerteri vojnici

– Русија ќе биде поразена, нагласува портпаролот на ИД Абу Мохамед ел Аднани во аудио порака објавена на сајт што го користат џихадисти.

Аднани ги повика сите муслимани да „почнат џихад против Русите и Американците“.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков претходно изјави дека руските воено-воздухопловни сили уништиле во воздушни напади голем дел од муницијата и воената опрема на ИД.

Изминатите 24 часа биле извршени 88 напади врз 86 цели на терористичката организација.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1