ИД повторно се закани- Ќе напаѓа училишта и болници


Терористичката група Исламска држава се закани со атентати врз училишта и болници во Белгија, информира денеска бриселскиот дневен весник „Соар“, цитиран од ТАСС.teroristi islamisti djihad

Заканата била пренесена преку аудио порака од 20-годишниот Абдела Најман, кој бил жител на градот Антверпен, но сега војувал во редовите на ИД во Сирија. Тој кажал дека потенцијални цели за напад се „библиотеки, училишта, болници, трговски улици и дискотеки“.

Според проценки на белгиските антитерористички служби, во кралството сега живеат над 100 радикални исламисти, кои се вратени дома по учеството во борбените дејствија во Сирија на страната на ИД.

Правосудните органи сметаат дека уште над 300 белгиски платеници и натаму војуваат во Сирија и Ирак. Поголемиот дел од нив припаѓаат на втората генерација арапски мигранти и имаат белгиско државјанство.

Белгија се наоѓа на првото место во Европа како сооднос меѓу бројот на исламисти кои војуваат во Сирија и вкупниот број на население. Во кралството живее една од најмногубројните арапски заедници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1