Идентификувано телото на фудбалерот Емилијано Сала


Полицијата потврди дека го идентификувала телото на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала , кое беше пронајдено во остатоците на паднатиот авион во Ламанш.

Оваа информација полицијата ја соопшти откако беше извршена обдукција на телото кое беше извлечено од дното на Ламанш.

Малиот авион со Сала и пилотот Дејвид Иботсон падна во морето на 21 јануари на летото од Нант кон Кардиф. Аргентинскиот фудбалер само неколку дена претходно од Нант премина во екипата на Кардиф за трансфер вреден 17 милиони евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1