Идентификувано телото најдено во Вардар – тоа е на исчезнатата жена од Драчево


Телото од почината жена што вчера околу 13 часот беше најдено и извадено од водите на Вардар кај мостот во Горно Лисиче е на 38-годишната Д.П. од Драчево, потврди МВР.

Телото вчера беше предадено на обдукција и врз него не се најдени траги на насилство.

По скопјанката Даниела П. се трагаше од понеделникот, 11 февруари, кога нејзиното исчезнување во полициската станица во Драчево го пријавил нејзиниот сопруг.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1