Идентитетот на славната личност која учествувала во сексот во тројка


Иако британските медиуми не смеат да го објават идентитетот на главните актери вплеткани во секс-скандалот, американските медиуми немаат таква забрана, па така „Нешенел екваер“ ги објави имињата на учесниците во сексот во тројка, пишува „Индекс.хр“.elton john

Британските медиуми не го кријат своето огорчување поради забраната да ги објават имињата на учесниците во секс-скандалот, па на сите начини се обидуваат да ја избегнат судската забрана, но засега безуспешно.

Американскиот таблоид „Нешенел екваер“ не подлегнува на никакви забрани, а судејќи според нивното пишување, ги потврдиле сомнежните дека познатата личност која го изневерува својот сопруг со друга двојка е Дејвид Фурниш, сопругот на поп-ѕвездата Елтон Џон. Засега нема официјална потврда, а славниот пејач не се огласил за статиите поврзани со него и неговото семејство.

Тоа сепак, не ги спречило бројните шеги на социјалните мрежи.

Имено, британските медиуми завчера објавија дека во секс-скандалот е вмешана светска ѕвезда која е во брак со друга позната личност и која учествувала во секс во тројка со уште една двојка.

Причината поради која медиумите мислат дека приказната би требало да се објави е фактот што таа личност јавно тврди дека е во среќен брак, додека на суд зборувала дека е во отворена врска.

Судот заклучил дека со објавувањето на приказната би се загрозила не само приватноста на ѕвездата од оваа приказна, туку и на нивните деца, иако знаат дека имињата вклучени во овој скандал не смеат да ги објават.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1