Идната недела точно ќе се знае кој го загадува Скопје – набавени апарати за мерење


Наредната недела треба да бидат испорачани и ставени во функција двата мобилни апарати за мерења и анализи на квалитетот на амбиентниот воздух, со што за првпат ќе се докажува поврзаноста на загадениот воздух и загадувачот.

Министерот за здравство Никола Тодоров појасни дека мобилните апарати ќе бидат поставувани на таканаречените жешки точки во Скопје, но и во другите градови.

slika skopje-magla– Апаратот, на пример, се поставува во една фабрика која се смета дека е голем загадувач и тој врши мерење во рок од 24 часа. Потоа се прави анализа на честиците и се гледа нивниот хемиски полнеж, односно може да се види дали содржат определени хемиски елементи кои се поврзани со она што го работи конкретната фабрика, односно нејзиното производство, рече Тодоров.

На ваков начин, смета министерот за здравство, ќе се овозможи да се преземаат конкретни мерки за загадувачите кои стојат на располагање согласно законот, бидејќи, како што рече,  точно ќе се знае, а нема да се претпоставува, кој е причината за зголеменото загадување на воздухот.

– Со овие апарати се докажува врската помеѓу загадувачот и загаденоста, затоа што се поставува на местото каде што е изворот на загадување и може потоа да се утврди хемискиот полнеж на ПМ честичката 10 и 2,5 и да се утврди дали е резултат на загадувачот каде што е поставен апаратот, рече Тодоров.

Додаде дека од вторник или среда кога ќе бидат испорачани апаратите веднаш ќе бидат ставени во функција и постојано ќе бидат вршени мерења, за да можат да се преземаат мерки кои стојат на располагање. – Во овој дел казните се многу сериозни бидејќи станува збор за кривични дела извршении од оние кои несовесно се однесуваат и кои практично не трујат, рече министерот за здравство.

Zagadjenje-vazduha-2-500x296Појасни дека загаденоста на воздухот спрред Светската здравствена организација е една од најсериозните причини за заболувања на респираторниот систем, особено за рак на бели дробови, кое, како што рече, е причина број еден за смртност од малигни заболувања во Република Македонија.

Со мерењто и анализата ќе може да се добијат прецизни резултати за концентрацијата на суспендираните цврсти честички ПМ10 и ПМ2.5, како и за присуството и концентрацијата на одделни штетни супстанци, како тешки метали, полициклични ароматични јаглеводороди, азбест и други.

Мобилниот мерач ќе може да се пренесува во возило, мерењето ќе трае 24 часа во сите временски услови. Ќе може да се поставува на секое место за кое надлежните институции се сомневаат дека има извор на загадување.

zagaduvanje-2-300x225ПM10 честичките, со дијаметар до 10 микрометри и ПМ честичките со 2,5 микрометри се најчесто споменувани индикатори за загадување на воздухот со потенцијален ефект по здравјето на луѓето и тоа пред се поради својот дијаметар кој им овозможува да дојдат до најситните патишта во белите дробови, но и поради својот специфичен хемиски полнеж кој зависи од изворот на загадување. Последните извештаи на СЗО покажуваат дека кај ракот на белите дробови загадениот воздух има дури и поголема улога од пушењето.

Член 218 во Кривичниот законик пропишува  казна затвор од четири до десет години за лицето што со непридржување кон прописите за заштита и унапредување на животната средина ќе загади воздух, почва, вода, водна површина или водотек во поголем обем или на пошироко подрачје и со тоа ќе предизвика опасност за животот или здравјето на луѓето. За службените и одговорните лица во правното лице е пропишана казна затвор од најмалку пет години.

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1