„If You Wanna Leave Me“ е песната со која се најавува албумот со нови музички материјали од Тоше Проески.
Во продукција на Енди Рајт, музички продуцент од Лондон со кој Тоше соработуваше за албумот со песни на англиски јазик, а со поддршка на Петре Црнетиќ, кој е сопственик на загрепска музичка агенција, наскоро ќе излезе албум со необјавени песни од македонскиот пејач на англиски јазик.