Игор ја менува верата поради Северина


Игор Којиќ ја менува верата поради љубовта кон Северина, тој ќе премине во католицизмот.

Игор одлучи да ја прифати верата на својата идна сопруга, а славниот пар наскоро ќе стапи во брак.igor-severina500

Свадбата е закажана во Католичката црква на Царот Христос во центарот на Белград.

– Ние сме среќни бидејќи Северина и Игор одлучија да се венчаат во нашата црква. Тоа нема да биде комплицирана процедура за него. Католичката црква ги признава сите православни обреди, па Игор нема да мора повторно да биде крстен. Тој само ќе побара молба од неговата црква. Речиси секогаш без проблем се прифаќаат молбите, изјавиле од црквата.

Северина пред три години тајно го крсти синот во католичка црква, без знаење на неговиот татко Милан Поповиќ, кој е православен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1