Играорката добила алергиска реакција како последица на тоа што била искасана од пеперутките кои изминатата ноќ ги имаше низ цел Охрид, а на сцената на Долни Сарај каде се одвивал настанот, заради светлата и рефлекторите ги имаше во големи роеви, објави порталот „Охрид 1“.
Од интерното одделение при болницата за Охрид1 го потврдија настанот. Од таму велат дека жената имала алергиска реакција, но било интервенирано и избегнат бил несакан исход.
Охрид минатата ноќ беше преполн со некоја врста на бели ноќни пеперутки кои до сега не се забележани во толку големи роеви, а речиси сите улични светилки беа прекриени со пеперутки.