Икеа повлече илјадници детски креветчиња од продажба – имале грешка опасна за дечињата


Шведскиот ланец за производство и продажба на мебел „Икеа„ повлече од продажба неколку илјади детски креветчиња поради грешка в дизајнот која може да доведе до пукање на металните цевки и откривање на острите краеви

gikeaОдлуката следи по седум документирани случаи на пукање на цевки, но до сега не е забележано дали имало повреда на некое дете.

Во повлекувањето се опфатени серија модели на креветчиња „критер„ и „сниглар„.

Од купувачите во 17 земји побарано е да ги проверат датумите на производство ставени на долната страна на креветите. Спорните кревети „критер„ носат броеви од 1114 до 1322, а „синглар„ од 1114 до 1328.

На купувачите кои поседуваат некој од овие модели понудена им е поправка или враќање на парите. Тие треба да се јават во најблиската продавница на „Икеа„.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1