Или ќе се смириме или ќе те убијам – кумановец и се заканувал на поранешната девојка


Дваесетиедногодишна кумановка Д.Ј, синоќа петнаесет минути по полноќ во полициска станица пријавила дека на 30 ноември околу 19 часот ја пресретнало нејзиното поранешно момче Ф.М. од Куманово, насилно ја внело во куќата на неговата баба и физички ја нападнало, заканувајќи и се дека ако не ја продолжат врската, ќе ја убие, соопшти МВР. policija

Од ударите, на девојката и се слошило и паднала на подот, по што момчето и дозволило да излезе надвор, а таа ја искористила приликата и избегала.

Таа отишла на лекар каде и биле констатирани телесни повреди, а насилникот е приведен.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1