Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски ќе биде претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Ова беше договорено на денешната координација во Собранието по тридневни консултации.
Според претходно договореното од политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена во Комисијата за прашања на изборите и именувањата, СДСМ пет, а ДУИ и Беса по еден член.
Утврдувањето на предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е предуслов за продолжение на конститутивната собраниска седница која почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината, бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.