Илинден во Црно – Ги загуби и сопругот и бебето во сообраќајката – Баже сакал ќеркичката да се вика Искра


По загинувањето на таткото во сообраќајната несреќа кај „Мавровка“, битката за живот ја загуби и неговото бебе. Женското новороденче починало по само два дена поради проблеми со дишењето, кои се јавиле како последица на одлепување на постелката и механичката траума на мајката. Смртта на бебето настапила во понеделникот попладне на Одделот за интензивна нега на Клиниката за гинекологија, истиот ден кога во населбата Илинден беше погребан таткото, пишува Утрински весник.

soobrakjajka mavrovkaДевојчето се роди во саботата навечер, кога нејзината мајка беше породена со царски рез по незгодата. Според неофицијални извори, бебето било предвремено родено, односно во 33. неделата или во 8. месец од бременоста на мајката, и било тешко 1,800 килограми. Поради ова, како и респираторните проблеми на бебето (или како велат лекарите, тежок белодробен дистрес) кои биле предизвикани поради оштетување на постелката и механичката траума на мајката, било сместено во инкубатор.

Дали механичката траума на мајката, поради која дошло до одлепување на постелката и бебето да се напие од плодовата вода измешана со крв, била од сообраќајката или од некоја претходна случка никој не може со сигурност да каже. Посебно што мајката пред сообраќајката добила болки кои биле и причина да тргнат накај болница. Лекарските извори велат дека кај мајката дошло до пукање на ѕидот на матката што, најверојатно, и било причина за таа да добие предвремени болки и да се упати на клиника.

Како што пренесува Утрински, лекарите велат дека веста за смртта на бебето не била соопштена веднаш, поради тешката состојба во која се наоѓа родилката по сообраќајната несреќа во која загина нејзиниот сопруг. Со мајката, како што велат од клиниката, уште од првиот ден кога била примена на клиниката работел психолог, кој се обидувал колку-толку да ја подготви за лошите вести, посебно што станува збор за млада мајка која има само 21 година и ова и’ било прво чедо. Но, откако починало и бебето, според клинички извори повеќе не можело да се одолжува и на мајката мораше да и’ соопштат дека ги загубила и сопругот и детето. Таа се’ уште е на клиниката и е во стабилна здравствена состојба.

soobrakjajka-kaj-mavrovka-7Потресна беше улицата со број „4“ во скопска населба Илинден во понеделникот да ги збере сите оние што се упатиле кон домот на семејството Илиеви. Малата уличка, распослана по должина на железничката пруга беше исполнета со тага и солзи. Сите жалеа за трагично починатиот Блаже Илиев, пишува Утрински.

„Баже беше прекрасно момче. Сите сме во шок… Разберете не’ како ни е. Никој не може да поверува дека се случи ова. Место сега да се радувавме на новородената ќерка, ќе го погребуваме таткото. А тој толку се радуваше и го очекуваше раѓањето на ова дете. Знаеше дека ќе има ќерка и на тоа беше многу горд. Мислам дека во една пригода беше кажано дека ќе се вика Искра. Штета, не дочека!“, раскажува низ солзи за Утрински еден од најблиските соседи на семејството Илиеви, пред да дознаат дека и бебето ја изгубило битката со животот.

Нема жител на Илинден кој не знае за големата трагедија во семејството Илиеви, а за Блаже Илиев имаат само убави збори. Тие раскажуваат дека со години е вработен во автосервис во соседството.

soobrakjajka-kaj-mavrovka-5„Беше момче со ведар дух. Тука, значи недалеку од неговиот дом, го палевме коледарскиот оган, а тој беше највозбуден. Одеше по соседите и ги викаше да дојдат на огнот. Минатата година токму тој беше бадникарски кум во улицата и можете да си замислите колку беше среќен поради тоа. Пред само неколку дена ја прегрна својата сопруга и рече дека тој го имал ’најголемото богатство’. Веројатно мислеше на неа, но и на детето кое го чекаше, а за кое знаеше дека ќе биде женско“, вели еден сосед на семејството Илиеви.

Колку значело доаѓањето на ќерката во домот на ова семејство најдобро говори тоа што таа е првата поднова во домот на Илиеви и тоа од најмалиот од тројцата браќа.

„Колку што ми е познато, ниту сопругата ниту мајката не знаат за судбината на Баже. Она што ние го знаеме е дека мајката Цена е со тешки повреди, а сопругата Славица се породила со царски рез и дека детето е во инкубатор“, велат соседите за Утрински.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1