„Изгубени Германци“ и „ММЕ кој прв почна“, за прв пат ќе бидат изведени во Њу Јорк


„Изгубени Германци“ и „ММЕ кој прв почна“, за прв пат ќе бидат изведени во Њу Јорк, во престижното Producers’ Club, веднаш до центарот на Бродвеј.

prestava dukoskiОва е прво изведување на престави напишани од македонскиот Чехов, како што многумина го нарекуваат, најбрилијантниот македонски писател драматург Дејан Дуковски, а во режија на Петар Варбанов , во Њу Јорк. Преставите ке се одржуваат секој ден во два термини од 20.00 Часот како главна престава “ Изгубени Германци “ и од 22.оо часот “ММЕ кој прв почна”.

Местото каде ќе се играат овие претстави е престижниот Продуцерс Клуб, кој се наоѓа близу срцето на гламурозниот Бродвеј во Њу Јорк.

Ова се покажува како одлична можност за сите оние македонци кои живеат во Америка, кои се љубители на театарската драма и комедија, а кои што копнеат да слушнат и да видат нешто од „дома“ .

Дејан Дуковски, како познат писател и драматург, останува верен на својот талент.

Овие две ремек дела, ги препозна театарската компанија TheWhitelisted, која како ловец на добри Балкански претстави, веќе трета сезона им овозможува и америчка премиера на врвни дела од Балкански писатели.

Оваа театарска компанија е составена од малди ентузијасти кои потекнуват од повеќе земји од Европа, претежно од Балканот, но и од САД, кои имаат за цел Балканскиот дух да се донесе и во Америка, таму каде што пред многу години се иселиле наши печалбари, а кои заради многу причини неможеле да се вратат крај своите родни огништа.

Преставите ке бидат изведувани на Англиски јазик, а тимот е составен од млади актери од САД и од Балканот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1