Полицајци и цариници помогнаа да се породи18 годишна Авганистанка најдена на паркинг


Патролата ја пронашла жената легната на паркинг со породилни болки, како моли за помош

bogorodica1Граничната полиција од преминот Богородица во понеделникот била сведок на несекојдневен настан. При патролирањето, тимот пронашол 18-годишна родилка, која лежела на паркингот во близина на браната Паљурци, која се виткала од болки и барала помош. Жената ниту го зборувала македонскиот јазик, ниту пак имала некакви документи со себе. Оставена сосема сама, без никаква помош, таа вечерта околу 19 часот добила породилни болки на патот Богданци – Дојран. Надлежните се сомневаат дека била дел од група од Авганистан, која илегално влегла во земјава. Најверојатно кога ги добила симптомите за породување, останатите од групата ја оставиле сама и побегнале, во надеж дека некој ќе и’ помогне. За среќа, нејзините повици за помош ги слушнал патролниот тим. Со нивна помош таа била пренесена во болница во Валандово. Таму 18-годишната Холами Атиге ја родила својата ќерка.

Командирот на граничната полиција на Богородица, Митко Илиев, не го крие задоволството што неговите луѓе успеале да го спасат животот на девојката, но и на бебето, кое можело да почине доколку навреме не стигнале до болница.

вечерта се одвивала вистинска спасувачка драма, во која биле вклучени сите од граничната полиција за да се спаси животот на мајката и бебето. Особено што имале многу малку време за да интервенираат. Од пронаоѓањето на жената до нејзиното породување поминале два и пол часа.

Докторот од Валандово кој го извршил породувањето ги известил дека породувањето поминало без проблеми, но доколку жената не била пренесена навреме во Медицинскиот центар, постоела опасност од задушување на детето. Можни биле компликации со папочната врска, која била замотана околу вратот на детето, а тоа можело да доведе и до смрт на мајката.

Родилката од Авганистан и нејзиното бебе се наоѓаат во Здравствен дом Валандово.

Видео – Интел ТВ

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1