МИЗЕРИЈАТА НА МУЗИЧКОТО УЧИЛИШТЕ ВО БИТОЛА СТАСА ДО CNN


Мизеријата во средното музичко училиште стана потсмев за Битола. За катастрофалните услови во кои учат учениците, разбра не само домашната, туку и светската јавност, преку интернет порталот на американската телевизија CNN  Но, надлежните молчат за овој срам, обвинија денеска битолските социајлдемократи
CNN_MIZERIJA_BITOLA-Дали оваа руина од зграда е дел од  реформите во нашето образование: Дали овој катастрофален објект е вистионската слика за проектот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Битола 2014? И зошто по реакцијата на учениците и нивните родители, никаде ги нема да се огласат министерот з аобразование Спиро Ристoвски, ниту премиерот Никола Груевски, за да објаснат пред јавноста зошто се дозволи ова музичко училиште да падне во ваква мизерија и денес да биде потсмев за Битола?, рече Златко Алексовски, од ОО-СДСМ Битола.
Министерот за образование, Спиро Ристовски, најави дека до април целосно ќе се реконструира      гимназијата „Таки Даскало“  во Битола, каде е сместено и средното музичко училиште. Вели дека е недозволиво да се следи настава во вакви услови,  заради што ќе се скенира целокупната состојба во училиштето.
 
-Tокму заради тоа денеска и утре,  тим составен од разлилни профили од МОН е веќе присутен во Битола, присутни се просветни инспектори, претставник од внатрешна ревизија, инженери и претставници на Секторот за основно и средно образование, бидејќи според првичните информации не сатанува збор само за потребата од санација и реконструкција на училиштето, туку таму треба да се испитаат повеќе состојби од повеќе аспекти, рече Ристовски.
CNN_BITOLA__MUZICKOБитолскиот градоначалник, Владимир Талески вели дека  не знаел  за лошите услови во кои се едуцираат младите музички таленти.
-Средното музичко училиште е државно и не е во надлежност на општината, но сеедно, без разлика на законската регулатива, тоа е во нашиот град и ми многу жал, бидејќи јас не бев информиран дека таму се такви условите.Разговарав со директорот и со дел од родителите и секаде каде што можеме да се вклучиме,  ќе помогнеме, изјави Талески.
Учениците од музичкото  училиште во Битола,  со цел да го свртат вниманието на надлежните, во понеделникот ја бојкотираа наставата. Откако веста беше објавена во македонските медиуми, вчера,  во рубриката писма од граѓани,  на својот интернет портал ја објави и светскиот сервис CNN,    со наслов „Музичкото училиште во Битола, како напуштена ментална институција од Втората  светска војна“
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1