Падна плафонот во училница во Тетово


Нема повредени при падот на дел од плафонот во една од училниците од бараката на тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ информираше директорот на гимназијата Намик Ќемал Мустафа, пренесува МИА

TETOVO_GIZMNAZIJA_PLAFONДо инцидентот дошло откако еден од мајсторите што ја поправале покривната конструкција изгубил рамнотежа и паднал на покривот по што дел од плафонот се одвоил и паднал во училницата каде за среќа немало ученици бидејќи бил голем одмор.

– При интервенцијата додека работеле мајсторите еден се лизнал и паднал на таванот и тој дел, тоа парче на таванот паднало во училницата но за среќа нема повредени бидејќи учениците беа на одмор и мајсторот не се повреди, рече Мустафа.

Според него, неопходно било да се преземат мерки за поправка на покривот кој прокиснувал, а немало дополнителна училница каде би можела да се следи наставата додека траат поправките.

Тој очекува во следниот период да започне и реализацијата на проектот за целосна реконструкција на бараката и училниците во неа кои се во многу лоша состојба и што подолго време се најавува од министерството за образование и наука. Во дотраените училници настава во две смени изведуваат учениците на македонски наставен јазик.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1