Хемиската кастрација на македонските педофили


Македонската влада сака да ги заостри законските мерки против педофилијата, подигнувајќи ја затворската казна и наметнување на хемиска кастрација за лицата кои ќе го повторат делото.

Ова е дел од текстовите во светските медиуми што ја пренесуваат борбата на Македонија против педофилијата. Меѓу светските медиуми кои ја пренесоа оваа нацрт-законска измена се „Асошиејтед прес“, „Еј- Би- Си нуз“ „Фокс њуз“, „Вашингтон пост“ и многу други.

pedofil kastracijaМакедонија прва во регионот воведува хемиска кастрација. Осудените педофили ќе можат да одлучуваат: доброволна кастрација и помала затворска казна или доживотен затвор, пишува Јутарњи лист.

Таквиот избор нема да го имаат педофилите кои ќе го повторат делото: хемиска кастрација во тој случај ќе се изведена без нивна согласност.

-Македонија е првата држава во регионот која воведува хемиска кастрација за осудените педофили поради долгогодишниот проблем со зголемување на бројот на случаи на сексуално злоставување на деца и политиката која ја спроведуваа македонските судови  со малите казни, пишува тиражниот хрватски весник.

Освен хемиска кастрација се воводуваат и построги затворски казни. Со новите измени и дополнувања на казнениот закон, кој што владата го предложи, педофилите во Македонија ќе бидат доведени во ситуација да донесуваат тешка одлука: доброволна кастрација и помала затворска казна или доживотно зад затворските решетки.

-Мерката медицинско лечење ќе се изведува на слобода во специјализирани медицински установи откако осуденикот ќе отслужи затворска казна, ја пренесува Јутарњи лист изјавата на министерот за труд и социјална политика , Диме Спасов.

Не е опасно по здравјето

-Министерот нагласи дека такво лечење се применува во САД и други земји и не е опасно по здравјето. Станува збор за инекција со која се смалува либидото и се применува на секои шест месеци. Како што најави оние кои се осудени за педофилија, ќе добијат помалку години затвор ако се согласат на лечење. Таков избор нема да имаат можност педофилите кои ќе го повторат делото. Хемиската кастрација во тој случај ќе се изведе без нивна согласност. Според најавите , судот ќе процени  колку долго ќе трае лечењето или тоа ќе биде до крајот на животот, пишува весникот.

Престапникот кој ќе прифати хемиска кастрација ќе добие 40 години затвор ако биде осуден на доживотна казна, 20 години наместо осудените 40 или минимална казна ако биде осуден на 20 години.

-Кога овие измени на казнениот закон ќе стапат во сила, нема да се применува ретроактивно за веќе осудените педофили. Министерот објасни дека оваа мерка за заштита на децата од најтежок облик на злоставуања и неговото воведување е поддржано од јавноста. Македонија со овие измени се вбројува меѓу земјите како што се Русија, Јужна Кореја, Молдавија, Данска, Чешка, Полска, Велика Британија, Франција, Германија каде што хемиската кастрација е дозволена, стои во текстот.

Експертите велат дека со кастрацијата всушност се неутрализира сексуалниот нагон кај педофилите така да се минимизира злоставувањето кај децата.

Медицински мерки

Невропсихијатарот од Клиниката за психијатрија Антони Новотни смета дека идејата за хемиска кастрација е добра, но би требало да биде регулирана како конкретно лечење, а не во смисла на казна.

-Мораме да испратиме тимови во земјите кои ја применуваат таа терапија за додатно да се обучиме за тој третман. Така лечењето ќе биде поефикасно, истакнал Новотни за Јутарњи.

Тој потврдил како медицинкските анализи покажуваат дека тој начин на лечење дава резултати и статистички докази кои потврдуваат дека степенот на педофилија се намалува.

Еден од најжестоките поддржувачи на хемиската кастарција и воведувањето на најстроги казни за педофилите е директорот на Првата детска амбасада Меѓаши, Драги Змијанац.

– Ние сме задоволни со усвоените измени, но сакаме да истакнеме дека проблемот е далеку од решен. Според тоа предлагаме задолжително носење на електронски нараквици како превентивна мерка против педофилите, истакна Змијанац.

До крајот на животот

Тој додаде дека хемиската кастрација треба да биде задолжителна за сите педофили до крајот на животот.

-Доколку се работи за повторување на делото, мора да биде изречена казна доживотен затвор и ставање во потполна изолација или да се спроведе физичка кастрација како замена за казната доживотен затвор, а тој модел веќе се приемнува во Чешка, истакна директорот на Детската амбасада Меѓаши.

Во националниот регистар 139 педофили

Во националниот регистар на педофили, кој неодамна го воведе Македонија, досега се регистрирани 139 сексуални престапници со конечни пресуди. Пристап до тие податоци имаат сите граѓани на веб сајтот www. registarnapedofili.mk.

Уставниот суд на Македонија оваа година покрена постапка за оценување на законитоста на регистарот за педофили за да го оспори јавното објавување на имињата на осудениците. Судот го прифати барањето на петте осуденици за сексуални деликти кои го оспоруваа законот и бараа заштита и укинување на овој регистар. Во регистарот се објавени основни податоци, фотографии и висина на казната за педофилите. Министерот за труд и социјална политика изрази загриженост и разочарување поради одлуката на Уставниот суд. Според него со тоа се загрозува превенцијата и заштитата на децата бидејќи  злосторниците најчесто го повторуваат своето дело.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1