Семејство во Бугарија за само 15 дена добило сметка за струја во износ од 20.000 евра.
На сметката пишувало дека потрошиле 200.000 киловат на часови електрична енергија. Ова семејство минатата година забележало дека стујомерот бележи поголема потрошувачка, отколку вистинската.
Тие велат дека повикале електродистрибутери од чешката компанија ЧЕЗ, кои го промениле стујомерот, а официјално лице им дало потврда дека струјата биле неточно измерена, пренесуваат бугарските медиуми.
Семејството Стојев поднеле барање до дистибуцијата за да се запре сметката, како и да се намалат трошоците во претходниот период, но одговор се уште не добиле.