Скопјанка раскажува: Преживеав сообраќајка на местото каде што загинаа штипјаните


– Повторно го преживував денот кога за малку јас и сопругот ќе загиневме во сообраќајка. Трите деца што загинаа во неделата кај Петровец ми ги вратија ужасните спомени од октомври 1996 година кога со сопругот на истото место доживеав несреќа, за која не бевме виновни. На автопатот тогаш ни излезе крава, па завршивме кај каналот каде што деновиве загинаа младите деца од Штип. Тврдам дека ништо не се изменило на тој пат, кој за нив беше кобен.

zena stip soobrakjajkaСо овие зборови и со многу емоции, скопјанката Панда Јагуринска (58) се сеќава на непријатната случка од пред 17 години, која како повторно да ја преживеа кога ја слушна веста за трагичната смрт на штипјаните Бојан Бочваров (24), Јани Димитриев (18) и Стефан Николов (22), објави весникот „Дневник“.

Трите момчиња загинаа на пат за Штип враќајќи се од викенд во Скопје. Нивниот автомобил заврши во канал со вода на 200 метри од патарината кај Петровец.

Панда Јагуринска и нејзиниот сопруг Kоле, како што раскажала за „Дневник“ на истото место доживеале тешка сообраќајка откако со нивниот автомобил удриле во крава, која им излетала на патот.

Тогаш од ударот на животното, кое паднало врз автомобилот, возилото на Јагурински се излизгало од патот и завршило покрај каналот. Сопружниците останале живи само поради фактот што навреме биле извлечени од смачканиот автомобил „шкода“. Вината ја гледаат во негрижата на „Македонија пат“ бидејќи на тоа место нема заштитна ограда со која би се спречило животни да излегуваат на патот.

stipjani deca kolaСпоред неофицијалните информации од истрагата за кобната сообраќајка, во која загинаа тројцата млади штипјани, една од можните причини за несреќата е некое животно да претрчало пред возилото „фолсваген поло“. Поради силниот дожд тоа попладне, автомобилот не се движел со голема брзина. Увидната полиција открила траги на нагло кочење, но не е познато зошто возачот на автомобилот го сторил тоа.

– Ништо не е сменето. Тврдам дека момчињата не се виновни и не возеле брзо, туку дека нешто им излегло на патот, па возилото наеднаш закочило и летнале во каналот – вели Панда за весникот.

Жената раскажала дека тој ден со сопругот оделе за Прилеп, со новиот автомобил. Патот и тогаш бил прегледен, прав, без кривини.

zaginati deca stip-Додека патувавме, наеднаш пред автомобилот излезе крава и веќе ништо не се сеќавам. Потоа се разбудив во болница – раскажува Панда и додава дека имале среќа бидејќи веднаш биле извлечени од смачканото возило и однесени во болница.

– Јас и сопругот имавме тешки повреди, а последиците ги чувствуваме до ден-денес. Имавме повреди на главата, на градите, а и скршеници. Четири години се тужевме со „Македонија пат“. Секое одење во суд ми беше навраќање на тоа што го преживеавме. Иако и во полицискиот записник беше напишано дека сообраќајката се случила поради животно на патот и дека немало заштитна ограда на тоа место, претпријатието негираше. Одговорот беше дека има ограда, но дека честа била појавата да се кине и да се краде. Судот пресуди минимална материјална отштета со која само видовме колку вреди животот во оваа држава – плачејќи ја завршила својата приказна за „Дневник“ скопјанката Панда Јагуринска.

Извор – Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1