ИМ ПЕЕШЕ НА ТИТО И НА ГАДАФИ: Есма беше СВЕТСКА ЅВЕЗДА, но секогаш се враќаше дома во Скопје!


Есма Реџепова сите ја обожаваа. Имаше големо срце, беше светски позната, им пееше на познати дражвни фукционери, а нејзиниот пат до успехот беше исполнет со успони и падови.

Есма почина по кратка и тешка болест, а зад себе има 50 годишна успешна музичка кариера. Малкумина се тие кои доживеаа да прослават повеќе од пет децении успешна музичка кариера и да пеат пред големи државници како што беа Тито, Гадафи, Хрушчов, Садам Хусеин, Индира Ганди…esma-tito

Заобиколи четири континенти и тоа неколку пати, а нејзините концерти секогаш беа полни. Можеше да живее во било која светска метропола, но секогаш се враќаше дома, во нејзиното родно Скопје.

„Со Тито често бев на неговиот брод, одев на сите негови места каде престојуваше по екс Југославија. И секогаш кога некој дочекуваше, тие ме пронаоѓаа, каде и да се наоѓам во тој момент. Се сеќавам, имав во Казино во Босна некој концерт, но тие дојдоа, ме земаа и ме однесоа во Дубровник“, раскажуваше Есма пред неколку години. Реџепова не криеше дека го обожува Тито.

„Пазете, јас го обожував Тито. И неговата политика. Кога пеевме надвор, знаеја откаде сме кога ќе го кажевме неговото име. Созревав во тоа време и не можам да кажам дека ми беше лошо. Знаете како, пеев на Првата конференција на неврзаните овде во Белград. Јас и хорот „Бранко Крсмановиќ“. После тоа Индира Ганди рекла дека сака да ја посети Есма Реџепова, па настана општ хаос. Беше тоа голем проблем, како тоа да и го организираат бидејќи имаше многу протоколи, па помеѓу останатото повторно ја попочуваа улицата во која живеев, иако беше поплочена. Тоа сепак се многу убави и важни работи кои ги доживеав и тоа беше една чест.

„Не дека морав, туку ја претставував својата земја. На пример, бев 68-години во Австралија кога ми стигна нота од СИП дека треба да „поминам“ во Бомбај. И јас „поминав“ и таму останав 25 дена. Се градеше, имено, тамошното пристаниште, и четири земји конкурираа за таа работа, меѓу нив и нашата земја. Од кога слегов во Бомбај, прво почнав да им пеам на некои војници, па на некоја повисока класа, па за дипломати, па за некои седум, осум илјади луѓе во некоја фабрика …“, открила Реџепова во едно интервју.

Есма одржала повеќе од 22 000 концерти, а една третина од нив биле во добротворни цели. Со ансамблот „Теодосиевски“ снимила 108 сингл плочи, 20 long – plej плочи, 32 аудио касети, 15 компакт дискови, шест видео касети и безброј радио и тв емисии. Се појави и во шест документарни филмови.

Faktor.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1