Полицијата притвори двајца скопјани кои со употреба на физичка сила врз граѓани, во Чаир и на Бит Пазар, краделе мобилни телефони и паричници.
– СВР Скопје до надлежното Основното јавно обвинителство Скопје со кривична пријава ги предаде лицата Д.О. (19 ) и М.А. (19) и двајцата од Скопје, поради основано сомнение дека извршиле три кривични дела „разбојништво“ се здобиле со противправна имотна корист од околу 39.500 денари. Судија во претходна постапка на двете лица им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена, соопшти денеска МВР.
Кривичните дела пријавените ги извршил од крајот на минатиот месец до 10 овој месец, во вечерните часови, и тоа две на подрачје на Чаир и едно на Бит Пазар.
Првото кривично дело го извршиле на тој начин што откако ја пресретнале оштетената со физичка сила ја турнале на земја, со рака и ја затвориле устата, со нож ја пресекле на прстот и од раката и го одзеле мобилниот телефон, при што со трчање заминале. Од мобилниот телефон ја извадиле сим картичката и ја фрлиле, а потоа наредниот ден го продале на Бит Пазар на непознато лице, а парите ги потрошиле за свои лични потреби.
Другите две кривични дела ги извршиле на тој начин што додека оштетените се движеле по улица, тие од зад грб им се приближувале и со закана со физичка сила и со претрес по облеката одзеле паричник и мобилни телефони.
Во просториите на полициската станица Бит Пазар во присуство на Јавен обвинител било извршено препознавање на лица и предмети при што оштетените со сигурност ги препознале пријавените.
Како што информираат од МВР, полициски службеници извршиле и службен разговор со пријавенитe пришто тие во целост ги признале кривичните дела.
Од полицијата информираат дека Д.О. е регистриран сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што во периодот од 2012 /2104 година од страна на СВР Скопје биле поднесени две кривични пријави.