Во споредба со 70-тите и 80-тите години од минатиот век, денес децата во просек си играат по два часа помалку надвор во текот на неделата. Така, ако порано децата поминувале од три до пет часа дневно на улица, сега таквите бројки се минимизирани, односно во просек децата поминуваат по еден час надвор , пишува Нова Македонија
Она на што најмногу се сеќаваме од детството се часовите поминати во играње детски игри на улица. Денешните деца, пак, попрво би гледале телевизија, би играле компјутерски игри, отколку да излезат надвор. Маалските собиранки на улица ги заменија мобилните телефони и кабелската телевизија. Затоа и детските игри пред зграда се заменети со развојот на технологијата. Вакви се реакциите на родителите, кои на социјалните мрежи секојдневно се прашуваат зошто нивните деца во летниот период, кога немаат училишни обврски, сепак времето го трошат пред компјутер или пред телевизор.
Играњето надвор е важно не само за да останат активни и здрави туку и поради социјализацијата со пријателите, веднаш се забележува односот на децата кога ќе поминат неколку часа играјќи надвор. Тогаш децата не се нервозни, а им се зголемува и апетитот.
Играњето надвор, пак, според психолозите, позитивно влијае за психолошкиот развој на децата, вклучително и на физичкиот развој, односно на одржување на нивната телесна тежина. родителите заради сопствениот мир им дозволуваат на децата со часови да седат пред компјутер или пред телевизиските екрани, гледајќи разни серии.
И педијатрите препорачуваат, наместо дома, децата да се изнесуваат во парковите, каде што ќе можат да почувствуваат чист воздух.
Како се занимаваат децата
последните десетина години порано
– гледаат телевизија – играле миженка, брканица
– играат компјутерски игри – игри со топка (народна, џамија)
– сурфаат на Интернет – игри со погаѓање букви и зборови
– слушаат музика -расипан телефон, на буква на буква
– читаат списанија – игри со џамлии
Колку време поминуваат децата надвор?
За разлика од 70-тите и 80-тите години од минатиот век, сега децата играат по два часа помалку во текот на денот
порано сега
од три до пет часа надвор еден час