Американцот Херман “Хај” Голдман наполни 101 години оваа недела, но се уште не размислува за пензионирање.
Овој старец поминал 73 години на исто работно место во Њу Џерси, каде и денес работи четири дена во неделата.
Неговите колеги во компанијата “Capitol Lighting” во Источен Хановер го прославија во понеделникот заедно со него неговиот роденден.
Освен краткото отсуство за време на Втората светска војна додека служел за татковината, Хај во оваа компанијата, која се занимава со осветлување, се вработил во 1941 година.На почеток работел како продавач и чистелизлози.
Неговата колешка Сенди Ронко за АП изјавила дека Хај во меѓувреме се специјализирал за поправка на оштетени и неисправни производи.
И неговата сопруга работела во истата фурма, но починала, а тој се вратил на работа. Хајсе уште доаѓа со автомобил на работа.