Хејли премногу доцна дознала дека боледува од рак на мозокот. Докторите пред година дена откриле дека таа има анапластичен олигодендроглиом од трет степен. Иако туморот бил откриен кога веќе влегол во последниот стадиум, Хејли не се предала во ниту еден момент и храбро се борела давајќи го својот максимум.
Таа минала низ неколку оперативни зафати и шест недели секојдневно одела на радиотерапија, а поминала и низ 4, од вкупно 6 препишани хемотерапии.
Во периодот кога таа дознала дека има рак на мозокот, веќе била волонтер во организација за борба против рак. Нажалост, докторите после 10 месеци голема борба и’ соопштиле дека повеќе не може ништо да се стори за да се подобри нејзината здравствена состојба.
Минатиот петок, нејзината мајка сепак морала да и’ ја соопшти поразувачката вест на својата единствена ќерка – дека иќ преостанува уште многу малку време.
Бидејќи омилен празник на Хејли е токму Божиќ, Хејли од тогаш постојано добива Божиќни честитки секојдневно. Нејзиното семејство се одлучило со неа секој ден да прославува Божиќ, се’ додека е таа жива.
Заедницата од луѓе кои ја поддржуваат Хејли е се’ поголема, а освен поддршка од своите сограѓани, ја поддржуваат и многу корисници на Reddit и Facebook мрежите.
Нејзината мајка им е бескрајно благодарна на сите оние кои и’ испраќаат зборови со поддршка. Таа им порача воопшто да не престанат да и’ испраќаат Божиќни честитки.