ФОТО: Ова се најпознатите атентати во историјата


Александар Литвиненко

Литвиненко бил руски агент на КГБ, кој станал дисидент и можен агент на британскиот МИ6. На 1-ви ноември 2006 година, тој се разболе по ручек во лондонски ресторан, во тек на кој добил докази за друго убиство. Поради влошување на здравствената состојба беше префрлен во општата болница Барнет во Лондон, а почина три недели подоцна поради акутен синдром на радијација, предизвикана од изложување на радиоактивен полониум 210.

aleksandar-litvinjenko-foto-wikimedia-commons-1416569265-592141

Инцидентот привлече широко медиумско внимание, најверојатно поради сличност со случаите во холивудските шпионски филмови. Постои верување дека Литвиненко е отруен со чај, кој го добил во својата хотелска соба. Иако се уште никој не е осуден за неговото убиство, постои сомневање дека руската влада е вмешана во тоа. Литвиненко почина во 44 година од својот живот.

Ли Харви Освалд

 

Ли Харви е поранешен маринец кого владата на САД го сметаше за одговорен за атентатот на претседателот Џон Ф. Кенеди. Тој беше убиен само два дена по фаталниот атентат на американскиот претседател и тоа во подрумот на седиштето на полицијата во Далас, а го убил Џек Руби сопственик на ноќен клуб во Далас кој имал врска со организиран криминал. Руби наводно бил вознемирен поради убиството на претседателот и сакал да се одмазди. Освалд е убиен на 24-ти ноември 1963 година и тоа на 24 годишна возраст.

li harvi osvald

Џон Ленон

 

Џон Ленон беше еден од основачите на „Битлси“, кој се стекна со светска слава како член на бендот, но и како мировен активист.

djon lenon

На 8-ми декември 1980 година, во доцните вечерни часови, додека се враќал во својот хотел во Њујорк, Марк Дејвид Чапман го повикнал, а кога Ленон се свртел кон него тој испукал четири куршуми и го убил. Откако го извршил атентатот, Чапман го фрлил оружјето, седнал на улицата и чекал да биде уапсен. Тој е осуден на доживотна затворска казна и се уште се наоѓа во затвор, а неговите мотиви за убиството не се познати.

Роберт Ф. Кенеди

 

Американскиот сенатор Роберт Ф. Кенеди е помлад брат на Џон Кенеди. Тој е убиен во раните утрински часови на 5-ти јуни, на четириесет и двегодишна возраст.

robert f kenedi

Него го уби Сирхан Сирхан за кого се претпоставува дека бил палестински терорист, кој сакал да се одмазди за поддршката која што Америка и ја давала на Израел во шестдневната војна во 1967 година. Инаку Кенеди бил претседателски кандидат од Демократската партија.

Малколм ИКС

 

Малколм кој што е познат и како Мал Малколм бил американски пратеник на Црните муслимани или организацијата Нација на Исламот. Често на него во 1960–тите и 1970-тите години се гледало како на човек од Движењето Црна моќ преку кое Афроамериканците добиле почит од останатите Американци. Малколм бил член на Нација на Исламот, но станал и сунитски муслиман, што наводно било повод организацијата да издаде наредба за негово убиство.

malkom-x-foto-wikimedia-commons-1416569571-592146

Неговиот атентат се случил на 21-ви февруари 1965 година додека држел говор, кога во него пукале тројца членови на организацијата „Нација на Исламот“.

Мартин Лутер Кинг

 

Мартин Лутер Кинг бил главен човек од Движењето за граѓански права во Америка. Движењето било обид да се отфрли расната дискриминација на Афроамериканците. На 4-ти април 1968 година тој е смртно ранет додека стоел на балкон во еден мотел.

По атентатот во повеќе од 60 градови ширум САД избиле немири, а пет дена подоцна претседателот Џонон прогласил ден на жалост. Два месеци потоа е уапсен неговиот атентарот Џејмс Ерл Реј, кој бил противник на Афро-американското движење за човекови права.

Абрахам Линколн

 

Абрахам Линколн е шеснаесетиот претседател на САД, а на таа функција бил од 1861 до смртта во 1865 година. Џон Вилкс Бут бил шпион на Конфедерацијата и бил лут на претседателот поради поддршката за слобода на Афроамериканците, поради што одлучил да го убие Линколн. На 14-ти април 1865 година додека Линколн бил во театар во придружба на еден телохранител, Бут ја искористил можноста и пукал во претседателот. По атентатот тој побегнал, но дванаесет дена подоцна бил фатен и убиен.

abraham-linkoln-foto-wikimedia-commons-1416569643-592149

Јулиј Цезар

 

Гај Јулиј Цезар бил римски политичар и успешен војсководец, кој во рамките на воениот успех започнал граѓанската војна во Римската република, а подоцна е прогласен за диктатор. Меѓутоа некои сенатори во Рим не биле задоволни од она што тој го направил, па одлучиле да го убијат. Додека шетал покрај театарот на Помпеј, го сопрела група сенатори за да го прочита лажниот предлог закон со кој се враќа моќта на Сенатот, при што бил избоден. Според историските докази, на настанот присуствувале повеќе од 60 сенатори. Откако бил избоден, Цезар се обидел да побегне, но паднал на подот каде што му нанеле вкупно 23 повреди.

Франц Фердинанд

 

Претстолонаследникот на австрискиот трон главно се смета за причина за започнување на Првата светска војна.

pozorovatelferdinand-561x320

 

На 28-ми јуни 1914 година, додека се возел во кочија со својата сопруга Софија, ги убил припадник на организацијата Млада Босна, која се борела против австроунгарска окупација на Босна и Хрватска и за присоединување со Србија и останатите јужнословенски држави. Првата Светска војна започна еден месец по атентатот откако Австроунгарија и објави војна на Србија.

Џон Ф. Кенеди

kenedi

 

Џон Фицџералд Кенеди бил триесет и петиот американски претседател, кој на таа функција бил од 20-ти јануари 1961 година се до смртта во ноември 1963. Вселенската трка, Движењето за граѓански права во САД, Кубанската криза, подигањето на Берлинскиот ѕид и почетокот на војната во Виетнам се одиграле во тоа време. Наспроти големиот број очевидци на неговиот атентат, постојат многу сомнежи кои ја опкружуваат неговата смрт.

Околу 12:30 часот, Кенеди патувал преку Далас со лимузина без кров, кога од пушка биле испалени три куршуми кон него. Ли Харви Освалд е осомничен за неговото убиство, но овој атентат посебно е интересен бидејќи многумина веруваат дека постои завера помеѓу ФБИ, Куба, ЦИА и Советскиот Сојуз. Случајот се уште не е изведен до крај, ниту се пронајдени какви било конкретни докази дека Освалд работел сам, па дури и дека бил вклучен во убиството. Наспроти бројните истраги неговата смрт се уште е мистерија.

Улоф Палме

 

Олоф Палме бил претседател на шведската социјалдемократска партија и премиер на Шведска во два мандати. Во тек на неговиот мандат во државата се случиле неколку терористички акции на усташката емиграција, од кои најпознато е убиството на југословенскиот амбасадор Валдимир Роловиќ во Стокхолм на 7-ми април 1971 година.

ulof-palme-foto-wikimedia-commons-1416569814-592154

 

Едно од барањата на југословенската делегација која пристигнала во Стокхолм ден по смртта на амбасадорот, било Палме да ја забрани работата на усташката емиграција, која имала повеќе здруженија во Шведска. Палме одбил да го исполни барањето на југословенската делегација. Безбедноста во Шведска никогаш не била голем проблем поради што тој често е забележуван без обезбедување. Ноќата кога е убиен се враќал со сопругата од кино. Непосредно пред полноќ на 28-ми февруари 1986 година, Кристер Петерсон смртно го ранил во грбот, а сопругата не се здобила со посериозни повреди. Две години подоцна Кристер Петерсон кој што бил криминалец и зависник од дрога, бил уапсен и осуден поради убиството на Палме. По некое време пресудата е отфрлена, а злосторстовото остана нерешено покрај многубројни теории. Во јануари 2011 година во германски медиум кој се повикува на документи од истрага објавена во 2008 година се појави теорија дека атентатот го извршил оперативец на југословенска УДБ кој денес живее во Загреб.

Зоран Ѓинѓиќ

 

Ѓинѓиќ беше српски политичар, долгогодишен претседател на Демократската партија и претседател на Владата на Република Србија од 2001 година до смртта во 2003 година.

zoran djindjic

На 12-ти март 2003 година, во 12:23 часот Ѓинѓиќ беше убиен во Белград на скалите од зградата на седиштето на Владата на Србија. Според официјалното соопштение на владата Ѓинѓиќ не бил во свест при прием во болницата. Атентатот го извршил полицискиот специјалец Зведан Јовановиќ со снајперска пушка, кој во завршниот збор на судењето по повод убиството на премиерот изјави дека не бил обучен снајперист. Инаку на убиството на Ѓинѓиќ му претходеа неколку неуспешни обиди за убиство. Најпознатиот е изведен на 21-ви февруари истата година, кога Дејан Миленковиќ Багзи со камион во близина на Белградска арена се обиде да го сопре автомобилот во кој се наоѓаше премиерот додека во заседа чекале четворица атентатори, вооружени со минофрлачи и автоматски пушки.

Се смета дека Ѓинѓиќ добил многу непријатели поради тоа што бил свртен кон Запад, реформската економска политика, апсењето на поранешниот претседател на СР Југославија, Слободан Милошевиќ и негово испорачување на Хашкиот трибунал како и обидот за реформи на единиците за специјални операции ЈСО. Според судската пресуда поранешниот командант на ЈСО Милорад Улемек Легија му наредил на Јовановиќ да го убие Ѓинѓиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1