Има бомба во авионот – анонимен повик за авионот на Луфтханза на летот Франкфурт – Прага


Анонимен повик за поставена бомба, беше причината за претресувањето на авион на германската авиокомпанија ” Луфтханза” со 144 патници во авионот на меѓународниот аеродром во Прага.

lufthanzaАвионот пристигнал од Франкфурт. Сигналот бил поднесен откако чешката компанија CSA добила анонимен телефонски повик за присуство на терористи со бомба во авионот.

– Уште пред слетувањето полицијата го приведе човекот кој се јави по телефон. Станува збор за ментално заболен човек на 34-годишна возраст. Полицијата и деминери продолжуваат да претресуваат, изјави портпаролката на полицијата Катерина Рендлова.

Сите патници го напуштиле авионот, но полицијата се уште точно нема обелоденето дали станува збор за лажна или вистинита дојава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1