Пајакот во Куманово нема да крева до нова година – му истекол договорот


Бидејќи истекол договорот за користење на услугите на пајакот од кумановското јавно претпријатие од понеделник тој ќе замине на принуден одмор. В понеделник се очекува да биде распишан тендер, а целата постапка ќе трае до крајот на декември, објави Kumanovonews.

pajak-500Од Ј.П. „Паркинг“ велат дека покрај нов изведувач, бараат и редефинирање на условите за работа на пајак службата.

– Ние како носители на оваа дејност досега бевме во подредена состојба и тоа мора да се смени. Сега бараме нашето претпријатие да менаџира со пајак службата, бидејќи се наоѓаме во тешка финасиска состојба и мораме да најдеме модул за нови приходи, за да застанеме на здрави нозе. Ние сме формирани за да ја вршиме таа дејност и неможе тоа да го прави некој друг наместо нас – изјави Фадиљ Шабани директор на Ј.П. „Куманово-паркинг„

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1