Има ли јунаци? Американската Флуор бара Македонци за работа во земјата на еболата, Либерија


Компанија од САД бара работници – Македонци и нуди висока плата за инженери, градежници, електричари, водоводџии, столари, кои би работеле во Либерија, земјата која е во жариштето на еболата, јави Канал 5.

Од американската градежна компанија „Флуор“ понуди за работа добиле многумина Македонци кои претходно работеле за американски фирми во Авганистан и во Ирак. Во текот на оваа недела сите заинтересирани ќе имаат интервјуа со претставници на Флуор.ebola2

Министерството за надворешни работи не е информирано за активностите на Флуор во Македонија. Од таму велат дека не ги контактирал ниту пак некој македонски државјанин за да се распраша дали е безбедно да се патува во Либерија.

Главното седиште на Флуор е сместено во Ирвинг, Тексас, а свои канцеларии има на сите континенти. Само во Европа има 15. Новинарката на Канал 5 се обидела да добие информација од полската канцеларија, но безуспешно. Истото го направила и во претставништвото во Белгија, од каде ја посоветувале да бара информација од холандското претставништво, каде и било кажано дека не можат да дадат никаква информација и дека прво мора да се закаже интервју.

Оваа компанија пред еден месец потпиша договор со Пентагон за изградба на привремени живеалишта за американските војници кои ќе нудат помош за заболените од ебола во Либерија. На сајтот на Флуор има опис за секое работно место и точно е наведено во какви услови ќе работат таму.

На пример за столар, пишува дека може да биде сместен во воена зона, во опасни услови за работа и живеење, а во секое време со себе ќе треба да носи заштитна опрема тешка 18 килограми. Но, нема информација колкава ќе биде платата за работниците кои ќе заминат таму на печалба. Флуор сè уште не го  соопштува бројот на работници кои ќе треба да се испратат во Либерија.

Она што е познато дека работниците ќе бидат логистика на 4.000 војници колку што американската влада планира да испрати во оваа африканска земја. МНР се уште не издало препораки до македонските граѓани да не патуваат во Либерија поради опасност од ебола.

Во Либерија од ебола досега починаа 2.300 луѓе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1