Има милиони, многу ја посакуваат a никој не смее да и пријде: Eве зошто! (ФОТО)


Оваа 18-годишна девојка, ќерка на рускиот тајкун и сопственик на фудбалскиот клуб Челзи, би можела да го има секое момче кое ќе го посака, бидејќи нејзината привлечност не лежи во боатството (“тешка” е околу милијарда фунти), туку во згодната девојка по која многумина би се завртеле без разлика на парите.

Таа е една од најпознатите блондинки во Лондон, Софија Абрамович ја знаат како најбогатата тинејџерка во овој град, и сето тоа благодарение на нејзиниот татко Роман.sofija-i-roman-abramovic-640x419

Наместо да “лета” од врска во врска и да парадира по црвениот тепих, очигледно убавата и симпатична Софија најмногу сака времето да го поминува со својот татко. Затоа оној кој би сакал да и се приближи би требало да биде навистина храбар и бестрашен.

И покрај тоа што многу време поминува со нејзиниот татко, таа наоѓа време и за гламурозниот живот. Така повремено долетува со приватниот авион на француската ривиера, ужива во најскапите шампањи, троши 200.000 фунти за зимските празници за да се забавува со Бекамови, бидејќи сепак таа е татина принцеза.

Минатата година нејзиниот 18-годишен роденден го прославила во сопствениот ноќен клуб со 500-тини пријатели, на што нејзиниот татко потрошил само 30.000 фунти. Роман Абрамович сепак не присуствувал на забавата, таму била неговата поранешна сопруга а мајка на Софија, Ирина.1sofija-abramovic-640x419

Кога не е со Бекамови, Софија се дружи со 17-годишната ќерка на познатиот готвач Гордон Ремзи, па девојките често заминнуваат на луксузни одмори – на пример, сега биле на Малдивите.

Кога оди на училиште, ја возат со блендиран „Ренџ Ровер“, а додека била мала често ја носеле на училиште со хелихоптер. Сега сака да патува со возач и телохранител во теренец.

Често објавува фотографии со нејзиниот татко, кој очигледно го обожува, а кој без проблем и ги исполнува сите желби, па така ги добила и најскапите коњи кога почнала се занимава со овој спорт. Истакната е во тој спорт и добро и оди, па се дружи со другите девојки кои ја делат истата страст.

Иако некои тврдат дека Роман ја држи Софија на “кратко јаже”, други сметаат дека тоа не е ни малку чудно кога знаете колку е лош впечатокот на принцеза во ноќен живот, поточно неговата најстара ќерка Ана, која живее и студира во Њујорк секогаш подотвена за проблематични забави и ноќен живот. За разлика од Ана, Софија е гордоста на Роман.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1