Имаат 4 деца – сите им се родени на ист датум


Колкави се шансите сите деца да ви се родат на ист датум? На Емили Стригам и Питер Дан сите 4 деца им се родени на 12 јануари.

Последно им се роди синчето Рајан, кое има сестри близначки родени на истиот датум две години пред него, и најголем брат Сем кој на денот на раѓањето на Рајан наполни 5 години. Сите четири деца ќе слават роденден на истиот ден.

childrendate22 годишната Емили, мајката на децата, вели дека не може да поверува дека сите се родени на ист датум.- Тоа не беше така планирано – вели среќната мајка. Сем се роди две недели по предвидениот термин, близначките ми се родија еден месец порано а рајан три дена подоцна од очекувањата на лекарите – вели Емили.

– Близначките итно мораа да се родат со царски рез бидејќи лекарите не ги слушаа отчукувањата на нивните срца. Не сакав да се родат на ист ден со нивниот брат Сем но немав избор. Рајан пак очекував да се роди на 9-ти јануари, но тој почека токму до 12-ти. сега имаме едно убаво и специјално семејство! – вели мајката на децата.

Нивниот татко Питер уште збунето размислува дали е подобро сите да слават роденден во ист ден, или ќе беше полесно родендените да се распрснати во текот на целата година.

– Не е важно, роденденот на децата кај нас ќе биде вистинска семејна прослава!- вели тој.

Сем и близначките Брук и Никол оваа година за роденден си добија најубав подарок – ново братче!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1