Почина последниот самурај: Јапонецот кој 30 години се борел, незнаел дека 2 светска војна заврши (Видео)


Хиру Онода, јапонскиот војник којшто се криел во џунгла одбивајќи да поверува дека завршила Втората светска војна и којшто последен се предал речиси 30 години подоцна, почина на 91-годишна возраст.

hiro-onoda-tls-02Онода бил дел од известувачката служба, и се криел на Филипините. Неговата неверојатна приказна е резултат на две наредби коишто му биле дадени кога бил испратен во мисија на островот Лубанг. Му било речено никогаш да не се предава и никогаш да не посегне по сопствениот живот.

За време на престојот на Лубанг, Онода ја продолжил војната поради којашто бил испратен таму, притоа убивајќи голем број Филипинци. Во 1974-тата година јапонски авантурист го пронашол  и го довел неговиот командант за да му каже дека завршила војната уште пред 29 години. Дури откако командантот ја повлекол наредбата, Онода се вратил во родната земја, каде што бил пречекан како херој.

„Многу сум среќна што те пречекувам. Се гордеам со тебе што ја заврши мисијата“.- мајката на Онода

Во 1996-тата се вратил повторно на Лубанг за да се помири со своето минато.Подоцна бил помилуван од претседателот Фердинанд Маркос.

hiro-onoda-tls-04

„Што велат луѓето?  Според историјата тоа е секогаш  различно. Мора да размислуваат смирено без да бидат понесени од времето во коешто живеат“. -Хиру Онода, поранешен јапонски војник

Главниот портпарол на јапонската влада по повод смртта на Онода изрази сочувство, величајќи го поради неговата силна волја за живот.

„Се уште се сеќавам кога тој се врати во Јапонија. За мене тоа беше  како војната да заврши оној миг кога тој се врати дома. Искрено се молам за неговата душа“.- Јошиде Суга, главен портпарол на владата на Јапонија

По долгата изолација, Онода изморен од тоа да биде во центарот на вниманието решил да ја напушти Јапонија и да почне нов живот во Бразил. Но последните мигови од животот сепак ги минува во родната Јапонија каде што и починал.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1