Мистерија: Зошто Стив Џобс секогаш носел црна ролка и фармерки?


Стив Џобс поеднакво беше познат по своите компјутери, ајподови, телефони колку и по својот изглед кој го сочинуваа црна ролка и фармерки „Левис 501“.

Steve-Jobs-Costume1-260x191Секое утро Стив Џобс го отворал својот плакар и земал една од многуте црни ролки кои ги има. По навика, без размислување и без потреба да донесува одлука. Ова е навика на ефектните лидери.

Е сега, замислете некој што секое утро ја бира маицата, кошулата, блуза со долги ракави, па ги вклопува боите со фармерките или панталоните, па после сфаќа дека денес надвор и не е многу студено, па менува сѐ. А да, потоа се сеќава дека на крајот од денот има состанок и дека ќе мора да носи кошула, значи мора да одбере и вратоврска…

До моментот кога се подготвувате за работа, когнитивниот буџет е започнат и тоа со десет одлуки кои морало да бидат донесени. Стив Џобс е во предност за десет одлуки кои може да ги искористи на работа.

Навиките на успешните луѓе се тука да го намалат когнитивното оптоварување на помалку важните работи. Тие даваат можност буџетот да се троши на нешто друго. Тие најдобро го користат овој буџет за најважните цели.

Steve-Jobs-Costume

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1