Предупредување од епидемиолозите: Грипот ќе биде најсилен во февруари


Епидемиолозите во Србија предупредуваат дека врвот на епидемијата на грип може да се очекува во февруари.

USA - Swine Flu - Doctor Wears Mask While Seeing Patients-Симптомите на вирусите од типот А и Б се: температура која не мора да е висока, болки во мускулите и зглобовите и кашлица – вели д-р Драгана Димитријевиќ од Инстутот за јавно здравје во Белград и додава: „Двата типа на вирусот можат да доведат до компликации и смртен исход, но типот А има поголем епидемиски потенцијал“.

Во Грција досега од вирус од типот А (Х1Н1) починаа пет лица. На интензивните одделенија во болниците во Грција се сместени 14 сериозни случаи на заболени од грип. Здравствената власт предупредува на ширење на инфлуенцата.

Оваа година во Европа преовладува вирусот од типот А (Х3Н2) од кој почина и пациентката на Инфективната клиника во Скопје, додека во САД е пораспространет вирусот од типот А (Х1Н1).

Епидемиолозите оваа година за првпат предупредија оти вирусот полесно ги напаѓа лицата со прекумерна телесна тежина.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1