Нема вахабистичко крило во Идризово – МВР тврди државата е безбедна


Нема вахабистички келии во затворот во Идризово.  Ниту една од  просториите  во кои живеат затворениците ,  не е преуредена во импровизирана џамија .   Директорката на Управата за извршување санкции за Сител ги демантира информациите  , дека  во Идризово , еден косовар, заедно со тројца  тукашни албанци и сириец  шират радикален ислам.

idrizovo zatvor– Не постои вакво нешто , во моментот има 38 лица од Албанија, осум од Косово и еден  од Палестина. Од Сирија нема осудено  лице.  Сите овие не престојуваат во едно крило, се преместени во различни крила и келии .  Нема знамиња, а ниту пароли на арапски јазик.

Од МВР велат дека имаат сознанија за затвореници  од исламска вероисповед, кои практикуваат   верски обреди,  различни од оние кои ги предвидува традиционалниот ислам, но тоа не е кривично дело и до сега никој не побарал нивна  асистенција .   Безбедносната состојба  во целата држава е стабилна, вели Котевски .

Sitel

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1