Минијатурен молец со распон на крилата од само еден сантиметар е првиот вид што ќе биде именуван според новоизбраниот претседател на САД.
Жолто-белиот врв на главата на молецот потсетува на легендарната фризура на Доналд Трамп, што било инспирација за името Неопалпа доналдтрампи (Neopalpa donaldtrumpi), забележал во нова студија еволутивниот биолог Вазрик Назари, истражувач од Отава, Канада.
Живеалиштето на овој вид молци се протега од Јужна Калифорнија во САД до Долна Калифорнија во Мексико.
Ѕидот, што новоизбраниот американски претседател предложи да се гради долж границата меѓу двете земји може да ја подели таа област.
Назари го открил новиот вид додека испитувал примероци од молци во ентомолошки музеј во Калифорнија.