Имаат слична фризура: Инсект именуван по Доналд Трамп


Минијатурен молец со распон на крилата од само еден сантиметар е првиот вид што ќе биде именуван според новоизбраниот претседател на САД.

Жолто-белиот врв на главата на молецот потсетува на легендарната фризура на Доналд Трамп, што било инспирација за името Неопалпа доналдтрампи (Neopalpa donaldtrumpi), забележал во нова студија еволутивниот биолог Вазрик Назари, истражувач од Отава, Канада.Moth-With-Scaly-Head-and-Weird-Dick-Named-in-Honor-of-Donald-Trump
Живеалиштето на овој вид молци се протега од Јужна Калифорнија во САД до Долна Калифорнија во Мексико.

Ѕидот, што новоизбраниот американски претседател предложи да се гради долж границата меѓу двете земји може да ја подели таа област.

Назари го открил новиот вид додека испитувал примероци од молци во ентомолошки музеј во Калифорнија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1