Дирано Вејар вчера го прослави својот 108 роденден, додека неговата сопруга Жан во мај ќе наполни 106 години.
Брачната двојка, која потекнува од Хаити славеше вчера во нивниот дом во Спринг воли, кој го делат со ќерката.
Дирано и Жан во САД се доселиле во 1968 година, каде ги одгледале своите пет деца. Дирано работел како медицински техничар во лабораторија на една болница.
Иако е речиси слеп и има проблеми со слухот, Дирано и понатаму прави шеги на креолски и секое утро пред мугри прави склекови.
Верувале или не, тие се во брак 82 години.