Имале здраствено или НЕ бремените жени во Македонија нема да плаќаат прегледи !!


Сите гинеколошки прегледи, микробиолошки прегледи, биохемиски анализи вклучувајќи го и самото породување ќе бидат бесплатни за секоја бремена жена државјанин на Македонија без разлика дали е здравствено осигурана или не, истакна денес министерот за здравство Никола Тодоров кој додаде дека оваа мерка ќе стапи на сила од почетокот на идната година.matka porogjaj bremenost

Тој посочи дека со цел намалување на трудничкиот морталитет донесени се пакет мерки. Оваа мерка има за цел рано и навремено откривање на проблеми во бременоста и навремена реакција, како и подигнување на свеста кај бремените жени за редовни прегледи. Тодоров посочи дека бесплатните прегледи ќе бидат од голема корист и за бремените жени од социјално ранливите групи, како и за жените од ромска националност кои во голем дел немаат матичен гинеколог.

Согласно податоците од Заводот за мајки и деца во 2014-та година од 23.500 бремени жени само 15.194 се јавиле кај матичен гинеколог, од кои 7.622 тоа го сториле во првите три месеци од бременоста, а останатите подоцна.todorov

Пакетот мерки предложен од страна на Комитетот за безбедно мајчинство во кој членуваат 10 доктори и екперти предвидува и патронажните служби во рамки на проектот Домашна визита да стават посебен акцент на бремени жени од социјално ранливите групи и бремени жени со понизок степен на образование.

-Покрај советување на жените за потреба од избор на матичен гинеколог и мерки за здрава бременост, партонажните сестри ќе закажат по најмалку еден бесплатен преглед кај гинеколог од секундарна или терциерна здравствена заштита и за истото ќе ги известат жените. Како трета мерка е обврската која им е дадена на таканаречените ромски здравствени медијатори кои ќе ги посетуваат бремените жени од ромската популација, ќе ги советуваат и ќе им закажат исто така најмалку по еден бесплатен преглед, нагласи Тодоров.

Четвртата мерка предвидува доктори гинеколози од ГАК и Гинекологија од Чаир една неделно да работат во гинеколошките амбуланти во здравствените домови.

Целта на овој пакет мерки е до 2020 година да се намали процентот на доеничка смртност за една третина, како и да се унапреди здравствената заштита на мајките и децата. Според податоците во 2004-та стапката на доеничка смртност била 13,2 промили, а во 2014 9,9 промили.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1