Имало повеќе гласачки ливчиња во кутијата: Поништено гласањето во ова избирачко место


Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина Ѓорче Петров.

Станува збор за избирачкото место 2564, каде гласале 405 избирачи, а во кутијата имало 408 ливчиња. Комисијата на денешната седница донесе одлука да го разреши избирачкиот одбор и да поведе дисплинска постапка за членовите.

Според ДИК, избирачкиот одбор направил пропуст во постaпката на гласање на првиот круг на претседателските избори и на негово место ќе се избере нов одбор за вториот круг избори. ДИК одлучи да се поништи гласањето на ова место, но да нема прегласување.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1