Имало пожар во кабината, пилотите се задушиле – авионот летал додека имал гориво и паднал?


Пред неколку дена поранешен пилот по име Крис Годфелоц, во јавноста изнесе една нова теорија, која што нема да верувате, ама нема баш никаква врска со досега наведените можности како киднапирање, самоубиство на пилотот.., а се работи за толку прост пример, што воопшто никој ни на крај памет не можел да помисли дека токму тоа се случило со пилотите и авионот.

malezija avionИмено според него, по краткото полетување, копилотот го дал конечното „Добра ноќ“ како знак за исклучување со контролата на летот во Малезија, по што почнал да извира чад во пилотската кабина, кој најверојатно бил предизвика од гумата на предната опрема, која се запалила по самото полетување. Најблискиот аеродром во тој момент бил Палау Лангкави, на кој имал писта долга 13.000 метри. Капетанот веднаш ја програмирал дестинацијата во компјутерот.

Автоматски свртел кон запад и го поставил курсот директно кон пистата. Во тој момент и двајцата и капетанот и копилотот, се обиделе да го најдат изворот на чадот и оганот. Ги исклучиле електричните сигнали за пожар во авионот со цел да се обидат да го изолираат. Не издале повик за помош бидејќи во тој момент приоритетите се чекај, навигирај па потоа комуникација (по тој редослед). Но чадот во тој момент станал се погуст и пообемен во кабината по што ги совладал и двајцата.

pilotПилотите се онесвестиле или починале. Чадот во кабината ги вознемирил патнците и екипажот, но поради тоа што вратата од пилотската кабина била заклучена, биле немоќни да направат било што. Но дури и да можеле да влезат ќе било речиси невозможно да направат нешто со оглед на тоа што пилотите веќе биле онесвестени или мртви, а електричните системи на авионот би биле или исклучени или целосно оштетени. Без притоа никој да го контролира автопилотот за летање, авионот кој бил програмиран, летал се додека снемал гориво, по што на крајот се срушил во Индискиот океан. Тоа се случило по шест или седум часа.

Оваа теорија се вклопува со фактите. Има смисла и го објаснува рачната промена на курсот како и следењето од сателитската снимка. Не бара никаква фантастична или брилијантна идеја за киднапирање, или каков било друг мотив за извршено криминално или терористичко дело. Пилотот Крис вели дека има голем број на шпекулации кои ги пренесуваат светските медиуми меѓу кои и CNN за некаков си вид на тероризам, киднапирање или пак удар од метор. Не можам да верувам во ваквите анализи. Имам навика да гледам во многу пологичен и поедноставен метод на објаснување за тоа што би можело да се случи со авионот. Натоварениот боинг 777 на полноќ полета од Куала кон Пекинг.

Тоа била топла ноќ, а околу еден час по полноќ, надвор низ заливот кон Виетнам, авионот исчезнува од радарот. Два дена подоцна слушаме извештаи од малезиски воени радари кои за последен пат го лоцирале некаде околу Малака. Кога го слушнав ова веднаш побарав на Google Earth и барав аеродроми во таа близина, на курсот кон југозапад.

pilot33Левото свртување на пилотот е клучот за целата работа. Тоа биле искусни пилоти кои имале преку 18.000 часови летање. Можеби некои од помладите пилоти кои ги интервјуираше CNN не знаат за ваквото нагло свртување. Но ние постарите пилоти се разбираме во тоа. Штом во авионот се случи какво и да било оштетување, секогаш во главата ни е да ја најдеме најблиската патека или писта за слетување. Дали тоа е зад нас, лево, десно или пред нас. Тоа е најважното кое го мислиме во главата.

Не сакате да размислувате што ви се случува и што треба да направите. Вие во тој момент знаете веќе што треба да правите. Инстиктивно кога го забележав левото вртење знаев дека пилотот имал намера да се упати кон најблискиот аеродром. Тој всушност се движел кон курсот кон директната рута за Пал Лангкави, на 13.000 стапки, кои требал да ги мине над океанот во темната ноќ.

Map of flight plan is seen on computer screen during meeting before mission to find Malaysia Airlines flight that disappeared, on Phu Quoc IslandТој знаел дека теренот бил поповолен за летање кон Лангкави, а исто така било и пократко растојанието. Фрлите поглед на Google Earth на овој аеродром. Пилотот направил се како што треба. Тој бил во конфронтација со времето да го најде најблискиот аеродром, а во исто време да се бори со пожарот или електричниот оган, кои предизвикале прекин во комуникациите.

Според мене голема е веројатноста да станува збор за електричен пожар. Тие биле премногу окупирани околу истиот, со оглед на фактот што ваквиот тип на пожар може многу брзо да се прошири. Топлото време можеби предизвикало пожар кај една од гумите за време на полетувањето. Ваков сличен инцидент се случи и во Нигерија со авионот DC8. Во нивниот случај сметам дека ниту маските со кислород не успеале да им помогнат. Тие биле премногу брзо совладани од чадот, а неможноста никој потоа да управува со авионот предизвикало до негово рушење во Индискиот океан. Киднаперите не би го направиле тоа нагло вртење на лево кон Лангкави.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1